ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

На Антарктикот се измерени рекордни 18, 3 степени

Светската метеоролошка организација (WMO) известила дека на истражувачката станица на Антартикот во четвртокот била измерена температура од 18, 3 степени Целзиусови, што е најтоплата температура измерена на тој континент.

Според изјавата на потпаролката на „WMO“, Клер Нулис, досегашниот рекорд на Антартикот се 17,5 степени измерени во 2016 година.

Колку и да звучи неверојатно, податоците покажуваат дека во четвртокот, температурата на Антартикот била иста како температурата во Сан Диего (Калифорнија), а од „WMO“ велат дека воопшто не е утешителен фактот дека моментално, на Јужната хемисфера е лето.

Според податоците од „WMO“, Антартикот најбрзо се загрева за разлика од сите делови на Земјата, а во изминатите три години, просечната температура на континентот е зголемена за 3 степени.

„Количината на мраз кој се топи на Антартикот е зголемена за шест пати помеѓу 1979 и 2017 година, а топењето на сантите значи дека имаме големи проблеми со подигањето на нивото на морињата“ – истакнала Нулис.

Научниците веќе долго време предупредуваат дека поради глобалното затоплување се топат ледените плочи на Јужниот пол што ќе доведе до катастрофи бидејќи нивото на морињата би се зголемило за најмалку три метри.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.