Се урна украински борбен авион Су-27, загина американски пилот
Американски пилот бил член на двочлениот екипаж кој загина во уривањето на украински борбен авион сухој Су-27, соопшти американската војска. Авионот учествувал во воена вежба со НАТО.Ги видовме извештаите во кои се потврдува американска жртва и можеме да потврдиме дека американски војник бил дел од овој инцидент“, се вели во соопштението на американската војска и се додава дека околностите на уривањето се под истрага.
Двајцата пилоти, од кои едниот Украинец, биле единствените во авионот.
Командата на украинските воздухопловни сили претходно соопшти дека загинале пилотот и копилотот, без откривање на нивните националности.
Падот се случил за време на изведувањето на воената вежба Клиар скај 2018, во која учествуваат војници од осум различни земји, вклучувајќи ги САД, Британија, Холандија, Полска и Есстонија, а која почна минатата недела.