„Јагода“, „Боровница“, „Мастика“ се имињата на новата опасна дрога која се продава по улиците во регионот
На улиците во Србија се појави нова дрога, синтетички канабиноид чие дејство е 100 пати посилно од дејството на марихуаната.
Тоа е шеста психоактивна супстанца која во последните година дена е откриена во Србија и која е ставена на листата на забранети контролирани супстанци. Раководителот на Центарот за мониторинг на дрога во Министерството за здравство, д-р Јелена Јанковиќ вели дека после конзумирањето на новоотикриената дрога се јавува црвенило во очите, еуфорија и вознемиреност, анксиозност, но и дека се може да премине во обид за самоубиство.
Станува збор за растителна мешавина на зелена боја која е испрскана со синтетски соединенија и се конзумира како цигара.
-Супстанцата е многу опасна, а младиче често за тоа не се свесни. Предизвикува сериозни оштетувања на кардиоваскуларниот систем, пореметување при работата на срцето, зголемен притисок, оштетување на бубрезите, но и смртен исход – рекла Јанковиќ за Танјуг.
Оваа дрога има повеќе улични називи – „јадота“, „боровница“, „мастика“ и слично.