ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ципрас сигурен во довербата од пратениците

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се очекува да го преживее вчерашното гласање за недоверба во парламентот. Гласањето доаѓа во пресрет на три избори во земјата, локалните и за европскиот парламент на 26 мај и парламентарните, најверојатно во октомври. Ова гласање, кое е второ оваа година, е побарано од Ципрас, кој по сѐ изгледа има обезбедено 152 гласа во парламентот со 300 пратеници.
– Мерките за штедење од минатите години дадоа плод – изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина, па сега е време за повторно инвестирање во социјалната и економската политика.

Според Ципрас, овој месец ќе биде намален данокот на додадена вредност за прехранбените производи од 24 на 13 проценти. Тоа би требало, меѓу другото, да ја поттикне за Грција исклучително важната бранша – туризмот. За луѓето треба да стане поповолна и енергијата, ДДВ на електричната енергија и на гасот ќе биде намалено од 13 на шест проценти.

Освен тоа, ќе профитираат и силно осиромашените грчки пензионери – во иднина во просек годишно ќе добиваат половина пензија повеќе, како што соопшти премиерот. Ципрас не крие воопшто дека најавените мерки се поврзани со изборите за Европскиот парламент на крајот на мај и со грчките парламентарни избори наесен.
Грчката опозициска партија Нова демократија е во водство пред владејачката СИРИЗА во пресрет на европските избори на 26 мај. Нова демократија е со водство од 5,9 отсто и добива 25,3 проценти, а следуваат СИРИЗА со 19,4 отсто, Златна зора со 5,5 отсто.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.