ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Спасовски: Добивме гаранции од бугарското МВР

Македонија добила јасни гаранции од Бугарија дека двете земји заеднички ќе работат на деескалација со цел да спречат поединци или екипи кои на чествувањето на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев би можеле да дојдат со цел да предизвикаат било каков тип на провокации посочи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и денеска по вчерашната средба со неговиот бугарски колега Иван Демерџиев.

Одговарајќи на новинарски прашања дали на европратеникот Џамбаски би му бил забранет влез во државата посочи дека доколку биде потребно во соодветен момент соодветно ќе реагираат институциите по однос на ова прашање.

И дел од безбедносните аналитичари и експерти сметаат дека реакциите околу престојниот 4 февруари повеќе даваат слика дека тоа може да наликува на политички настан. Во вчерашното гостување на 24 анализа конкретно на оваа тема професорот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски посочи дека нема причина да се запира никој кој доаѓа со најдобри намери но и додаде дека полицијата има капацитет да се справи со било каква ситуација.

Она што може да се забележи од утринава е дека има засилено полициско обезбедување со возила но и специјалци во цивилна облека кај гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев но и пред црквата Свети Спас иако одбележувањето е во сабота кога се очекува да дојдат македонски но и бугарски државјани да одадат почит.

Сепак, од ресорното министерство не даваат конкретни бројки колку државјани на соседна Бугарија би можеле да дојдат во Скопје во сабота.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.