ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Русите: Едно шише можеше да биде доказ во случајот Навални, но тие го изнесоа од Русија

Кремљ денес соопшти дека шише вода од хотелската соба на опозицискиот лидер Алексеј Навални, на кое биле пронајдени траги од новичок, можело да биде доказ во случајот, но наместо да го предадат, соработниците на Навални го изнеле од Русија.

Русите: Едно шише можеше да биде доказ во случајот Навални, но тие го изнесоа од Русија

Кремљ денес соопшти дека шише вода од хотелската соба на опозицискиот лидер Алексеј Навални, на кое биле пронајдени траги од новичок, можело да биде доказ во случајот, но наместо да го предадат, соработниците на Навални го изнеле од Русија.

Фото: ЕПА

Тимот на Навални вчера објави дека шише вода од хотелска соба во Томск, каде што престојувал Навални минатиот месец, е однесено во Германија и на него се пронајдени траги од нервниот агенс новичок. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руските експерти не можеле да го проучат шишето со вода и затоа Москва не може да го коментира случајот.

„Ние не можеме да го објасниме тоа, бидејќи, како што знаете, ова шише, доколку постоело, е однесено во Германија или на некое друго место. Нешто што можело да стане доказ за труење, за жал, било изнесено од земјава. Тоа покренува дополнително прашање – зошто?“, рече Песков.

„Има премногу апсурди во оваа приказна за нечиј збор да се земе за здраво за готово“, додаде тој.

Русија вели дека ѝ требаат повеќе докази пред да покрене официјална кривична истрага за случајот Навални и побара од Германија да ѝ ги предаде медицинските податоци на Навални за анализа.

Сојузниците на Навални велат дека соодветната истрага за случајот ќе открие дека Кремљ, претседателот Владимир Путин и безбедносните служби на Русија се одговорни за труењето на опозицискиот политичар.

Кремљ ги нарече обвинувањата неосновани и рече дека не би имало смисла да се труе Навални, а потоа да му се дозволи да замине на лекување во друга земја, каде што може да се откријат траги од труењето.

На Навални му се слоши на летот од Сибир до Москва минатиот месец. Помина извесно време во една сибирска болница, а потоа беше префрлен во Берлин на лекување по барање на неговото семејство.

Велика Британија рече дека е скоро сигурно дека руските разузнавачи го нападнале Навални, еден од најжестоките критичари на Путин, и дека Русија мора да даде одговори за случајот, бидејќи употребата на хемиско оружје е неприфатлива.

Германија побарала помош од Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) во истрагата за наводното труење на Навални, соопшти хашката организација, додавајќи дека нејзините експерти „зеле биомедицински примероци од Навални за да ги анализираат“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.