ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СЗО:Состојбата во Европа е алармантна

Пандемијата на коронавирус не покажува знаци на забавување, бројот на заразени во светот достигна 30 милиони, соопшти СЗО, што ја нарекува алармантна стапката на пренесување во Европа.

Глобалниот дневен број на нови случаи во последните денови достигна рекордно ниво и повеќе од 935 000 луѓе починаа, додека во исто време се забрзува меѓународната трка за развој и дистрибуција на вакцините.

Според Ројтерс, бројот на случаи на коронавирус ширум светот се очекува денеска да достигне 30 милиони и нема знаци дека пандемијата го забавува ширењето.

За 18 дена, бројот на случаи на инфекција во светот се зголемил од 25 милиони на скоро 30 милиони.

Тековниот епицентар на инфекцијата е Индија, втора земја што премина пет милиони случаи на коронавирус заедно со САД.

Европските земји исто така бележат рекордни дневни инфекции. Нивото на пренесување на ковид-19 во Европа е „алармантно“, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО), која исто така е загрижена за скратување на самоизолацијата планирана во неколку земји.

„Бројките од септември треба да бидат аларм за сите нас низ цела Европа, каде што бројот на нови случаи е поголем отколку во март и април“, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге во Копенхаген.

Организацијата на ООН, исто така, одби да ја скрати препораката за карантин од 14 дена за оние кои биле во контакт со вирусот.

Во Франција, се оди во изолација седум дена во случај на контакт. Во Велика Британија, скратувањето се разгледува да се скрати на десет дена, како во Ирска и во неколку европски земји.

Европската организација на СЗО, која вклучува 53 земји, вклучувајќи ја и Русија, забележала близу пет милиони официјални случаи и повеќе од 227 000 смртни случаи од коронавирус, според организацијата.

Здравствените работници, кои се во првите редови во борбата против пандемијата на ковид-19, плаќаат висока цена за своето здравје, предупреди СЗО.

„Ковид-19 ги ​​изложи здравствените работници и нивните семејства на невиден ризик“, потсетуваат од СЗО, истакнувајќи дека статистичките податоци, дури и да се нецелосни, јасно покажуваат дека „стапките на инфекции кај здравствените работници се далеку поголеми отколку кај останатото население“.

Здравствените работници сочинуваат околу три проценти од населението во огромното мнозинство на земјите и помалку од два проценти во најсиромашните. Податоците на СЗО покажуваат дека 14 проценти од случаите со ковида-19 се поврзани со нив. „Во некои земји, тој удел достигнува 35 проценти“, се вели во соопштението.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.