ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Опасна е реториката на поделби во БиХ, смета Столтенберг

The Bosniak Member of the Presidency of Bosnia and Herzegovina, Denis Bećirović visits NATO and meets with NATO Secretary General Jens Stoltenberg

Генералниот секретар на Организацијата на Северноатлантскиот договор, Јенс Столтенберг, ја изрази загриженоста на Алијансата за сецесионистичките активности во Босна и Херцеговина.

„Ние сме длабоко, длабоко загрижени поради континуираната сецесионистичка политика и реториката на поделби. Ова е непромислено и опасно“, рече Столтенберг.

Тој предупреди дека овие акции го поткопуваат тешко постигнатиот напредок и ги попречуваат реформите кои ќе бидат од корист за граѓаните на Босна и Херцеговина. Тој ги покани сите водачи на БиХ да работат заедно за зачувување на единството и заштита на националните институции.

Првиот човек на Алијансата ја повтори својата силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

Јенс Столтенберг го прими претседавачот со Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ. Тој потврди дека членството во најголемата воена организација во светот е стратешки приоритет на државата.„Имаме многу јасна правна рамка. Сите формални барања БиХ да аплицира за членство во НАТО се исполнети. БиХ е на врата. Имаме конкретни резултати во последните години“, рече Беќировиќ од Брисел.

Тој рече дека во земјата има антидејтонски сили кои сериозно го загрозуваат Дејтонскиот договор и уставниот поредок. Затоа Беќировиќ е на мислење дека поканата на Босна и Херцеговина за полноправно членство во Алијансата е важен чекор и за земјата и за НАТО.

Сепак, генералниот секретар на НАТО не можеше да потврди кога БиХ ќе добие покана за членство во Алијансата. Тој изјави дека мора да продолжат реформските напори кои и помагаат на земјата да се придвижи кон членство во НАТО.

Од 2018 година, Босна и Херцеговина е во Акциониот план за членство (МАП), што е последен чекор пред да биде поканета за полноправно членство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.