ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нови сомнежи на полицијата во Бор! Од куќата на убиецот на Данка на вешташење се однесени се лопати, мотики, моторна пила…

Дејан Драгијевиќ (50) минатата недела беше уапсен под сомнение дека заедно со Срѓан Јаковиќ ја убиле малата Данка Илиќ, која со денови ја бараше не само полицијата и луѓето во Србија, туку и половина Европа. Наводно, никој од нив не знае точно каде е телото на Данка, а во меѓувреме во полиција почина братот на убиецот, Далибор Драгијевиќ, а тој денеска e погребан.

Според последните информации што ги пренесуваат српските медиуми, полицијата наводно се сомнева дека телото на Данка можеби е дури и закопано на гробиштата. Поради сето ова, полицијата ги одзела лопатите и мотиките и ги однела на вештачењето, за да утврди она во што се сомнева полицијата.

Инаку, полицијата веќе неколку дена собира докази во куќата на Драгијевиќ и ги одзема сите сомнителни предмети со надеж дека ќе најде барем некаква трага каде може да биде телото на детето, а за тоа време мајката на Дејан изјавува дека не знае зошто го прават ова. Но, сепак таа за медиумите во Србија потврди дека полицијата одзела лопати, мотики…

Мајката на убиецот на Данка потврди дека полицијата им однела сомнителни работи од домот.

-Полицајците земаа ножеви, мотики, лопати, секири и моторна пила… Не знам што ќе прават, претпоставувам дека ќњ сечат дрва – изјави за медиумите Светлана Драгијевиќ.

Инаку, денеска беше погребан Далибор Драгијевиќ, кој пред смртта требаше да биде на распит во просториите на Вишото јавно обвинителство во Зајечар. Тој беше осомничен дека го прикрил делото и помагал да се сокрие телото на брутално убиената мала Данка Илиќ (2), која исчезна на 26 март во блиската населба Бањско Поле.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.