ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Монтажниот објект за пациенти со белодробни заболувања е готов

Македонија забрзано се подготвува за евентуално нов есенски бран од корона вирус. Министерот за здравство Венко Филипчи информира дека веќе е поставен новиот монтажен објект на скопската Клиника за пулмологија и алергологија, составен од четири амбуланти, кабинети и две засебни простории за дневни болници во кои треба да бидат сместени амбулантските пациенти. Монтажната амбуланта со најсовремени стандарди за работа е исклучително важна во наредниот период, напиша Филипче на својот Фејсбук.

„Во есенските месеци, бројот на пациенти со белодробни заболувања се зголемува и поради тоа пациентите кои имаат било каква белодробна симптоматологија целосно ги одделуваме од сите други пациенти“.

За да го реализира планот за мини инфективни одделенија за болните од корона вирусот денеска министерот Филипче се сретна со експерти на Светска банка, со цел проектот да биде финансиран со кредит од оваа институција.

Филипче неодамна информираше дека градоначалниците на Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп, дале согласност за градење на Ковид-центри. Во овие градови веќе постојат општи болници и здравствени домови.

И денеска бројот на заболените од коронавирусот е троцифрен 119. Институтот за јавно здравје информираше дека 4 лица починале , три од Скопје и едно од Гостивар. Од вирусот оздравеле 89 луѓе.  Скопје и понатаму е со најголем број на заболени во последното деноноќие 35, веднаш по него е Штип со 17. Во Куманово има 15 новозаболени, во Гостивар 8, а во Тетово 4.

Направени се 1.325 тестирања а до сега  вкупно 100.940. Бројот на излечени пациенти е 6.020. Досега од Ковид 19 починале 480 луѓе. Во моментов бројот на активни случи во земјата изнесува 4.117.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.