ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Милчин: На Македонија 18 години и фали попис, Пирова победа за СДСМ

Гостин во „Само вистина“ е режисерот и екс директор на Отворено општество Владимир Милчин, кој истакна дека Македонија ќе добие нефункционална влада, каде повторно фокусот ќе биде ставен на партиите и бизнисот.

-На Македонија 18 години и фали нешти битно, односно попис. Не знеме колку луѓе живејат во Македонија. Тоа отвора сериозни сомнеж и ако го додадете хакирањето во ДИК, како да имаме доверба во резултатите од изборите и дека имаме легитимно избрано Собрание. Индиција се и деновивете во кои се броеја гласовите. Ние имаме нерегуларни избори и ќе имаме чудна нефункционална влада, која не работи во интерес на граѓаните, туку партиите и бизнисот, кој е залепен за нив, рече Милчин.

Тој додаде дека иако СДСМ освои 46 мандати, сепак се работи за Пирова победа.

-Тоа е пирова победа таа им ги врзува рацете. И да да имаат добри намери, малата разлика нема да им овозможи да ги спроведат тие добри намери. Од друга страна, ако само глумат, ова ќе им биде добро алиби. Ја имам проблем да се сетам кои се тие добри намери. Пари кои Владата ги даде на бизнисмените за работниците, тие не ги дале, ама не чувме вистинска реакција од тие кои ги доделиле. Толку работи во Македонија се најавуваат, па се забораваат. За ова мора веднаш да се реагира, техничката влада треба да ги објави имињата на газдите и ме интерсира да видам кога ќе се случи тоа, додаде Милчин.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.