ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски: Законот за лични карти е блокиран зашто амбасадор од соседна земја имал забелешка

Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ во изјава кажа дека ВМРО-ДПМНЕ го подржува законот за лични карти во него да стои етничката припадност ,се наведува во партиското соопштение. 

– Па апсолутно, да еве видете ако ние инсистираме во личните карти да стои мојата национална припадност дека сум дел од македонскиот народ инсистираме тоа да биде во патните исправи и ако навистина Зоран Заев сака тоа да го направи бидејќи досега брутално на 100 пати го прекрши правилото за користење на европското знаменце еве зошто тоа не го направи сега да речеме и да го достави законот во рамките на собранието со европското знаменце да можам јас да се идентификувам себеси како Македонец појасна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потенцираше дека Заев сега преку оние на кои им обезбедувал поддршка и друг тип на логистика пред изборите за да одземаат гласови од ВМРО–ДПМНЕ го блокираат законот со 100, двесте илјади амандмани и прават филибастеринг на предлог законот. Мицкоски појасна дека еден амбасадор од една наша соседна земја имал серозна забелешка за законот за личните карти.

– Еве зошто тоа не го направи ако навистина има толкава желба. Еве зошто тоа не го направи туку преку оние кои што им обезбедуваше логистика и друг тип на помош пред изборите за да краделе гласови од ВМРО–ДПМНЕ и како што тој вели да ја спаселе Македонија од Христијан, а пак доколку освојат пратеници тие пратеници ќе му бидат ставени на услуга на Зоран Заев еве сега гледаме тие пратеници му се на услуга на Зоран Заев со 100 илјади, двесте амандмани правата филибастеринг на предлог законот. Еве нека го стави тоа со европско знаменце и ќе види јавноста дали е така. Инаку апсолутно да тоа е одговорот, има сериозна забелешка од страна на амбасадор на една наша соседна држава заврши Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.