ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Се вакцинираат здравствените работници

Примариус доктор Добринка Наунова-Јовановска е првиот човек во Македонија која ја прими вакцината од Фајзер.

Пред примањето на вакцинта се направи анкета за нејзината здравствена сосотојба и прегледи пред примањето на вакцината. По неа првата доза ја прими и главната сестра Габриела Темелковска.

Двете работат во инфективната клиника. Наунова е една од највозрасните и најискусните инфектолози и во овој период работела на другите инфкетивни заболувања на другите клиники.

Според првичниот план вакцинацијата ќе се одвива на секој десет минути во пунктовите во модуларната болница. Денес е планирано да се вакцинираат 260 медицински лица од клиниката во Скопје,по нив следат останатите вработени од ковид центрите 8 ми септември и Козле.

Првиот контингент на вакцини во Македонија пристигнаа во неделата од соседна Србија на Фајзер пристигнаа во неделата од соседна Србија. Во текот на наредната недела се очекува да пристигнат и останатите вакцини од донацијата а до крајот на месецов пристигнуваат и нарачаните 200.000 од кинескиот производител Синофарм.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.