ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Министерството за одбрана на Белорусија: Украински проектил падна во близина на белорускиот град Иваново

Проектил истрелан од украинскиот ракетен систем С-300 падна на територијата на Белорусија, во близина на градот Иваново во областа Брест, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Агенцијата „Белта“ претходно објави дека ракета на украинскиот систем паднала во периодот од 10 до 11 часот по локално време на територијата на Белорусија.

Како што наведува агенцијата во извештајот, за инцидентот веднаш бил информиран претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, а според негова наредба тим од вработени во Истражниот комитет и Министерството за одбрана работи на утврдување на причината за падот на ракетата.

„Белта“ пренесува дека се разгледуваат две верзии за инцидентот – проектилот влегол во воздушниот простор на Белорусија, како што беше случајот со неодамнешниот инцидент во Полска кога проектилот летал во погрешна насока или проектилот бил соборен од белоруската воздушна одбрана.

На лице место работат вештаци од Истражниот комитет и Министерството за одбрана. Нема информации за можни жртви или материјална штета, наведува белоруската агенција.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.