ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Курти: Нема причина за тензии во Косово

Иако Србија со години ја спроведува оваа одлука, за граѓаните на Косово, српскиот претседател Вучиќ предупредува на можни тензии на Косово.

Од една страна ги моли Албанците за мир, а од друга страна Вучиќ со заканувачки тон порача дека „нема предавање и Србија ќе победи“

„Ги замолувам и претставниците на моќните и големи земји кои ја признаа независноста на Косово да го земат предвид меѓународното право и ситуацијата на теренот. Молиме за мир и бараме мир. Доколку почнат да ги прогонуваат Србите, да ги малтретираат, да ги убијат, Србија ќе победи. Тоа е сè што сакам да кажам“, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Во меѓувреме, по состанокот на Советот за безбедност на Косово беше речено дека институциите се обединети и посветени да одговорат на секоја безбедносна ситуација, во соработка со стратешките партнери.

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нема место за тензии и дестабилизација на ситуацијата поради утрешната одлука за реципроцитет.

„Нема никакво место за тензија, нема можност за дестабилизација бидејќи се прави нешто легитимно, нешто легално. Тие што зборуваат за насилство, барикади, блокади, дестабилизација, тензии зборуваат за себе, не зборуваат за нас. Ние сме демократска, парламентарна, мирна Република и верувам дека се ќе оди во најдобар ред. Во меѓувреме, уште еднаш ги повикувам граѓаните на Косово, кои имаат регистарски таблички од времето на Милошевиќ, да ги сменат со легални таблички со акронимот на нашата држава, РКС“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.

Од 1 август за сите граѓани на Србија, кои ќе влезат во Косово, ќе добијат привремен документ, кој ќе ги замени документите за лична идентификација од Србија.

Овој документ, кој Србија го дава и за граѓаните на Косово при влез на нејзина територија, важи 90 дена. Во меѓувреме, од 1 август, сите граѓани кои имаат автомобили со регистерски таблички на имиња на косовски градови, кои се издадени од Србија, ќе можат да ги пререгистрираат со таблички РКС (Република Косово).

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.