ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Шмит: Милановиќ да престане да навредува, а Додик е посебен случај

Високиот меѓународен претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, му порача на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека тој како шеф на држава треба да се однесува пристојно и да престане да ги навредува другите луѓе, вклучително и него, а за српскиот член на Претседателството Милорад. Додик, рече дека е „посебен случај“.

Ова го изјави Шмит за Дојче Веле, како коментар за тоа што Додик го доведува во прашање неговиот легитимитет на функцијата висок претставник, како и острите критики што Милановиќ претходно му ги упати.

Шмит, одговарајќи, како што пренесува Дојче веле, со лут глас рекол дека Милановиќ „не го критикувал“, туку го навредувал.

– Морам да кажам дека не функционира, таа форма на политичка комуникација што постои овде. (сè уште со лут глас). Дури и кога некој е претседател на една земја, од него се очекува да биде учтив и да ги почитува другите. Господинот Додик, би рекол, е посебен случај, бидејќи оваа реторика ја негува со години. А оние во Сараево што дозволија малку да се разгорат треба да имаат на ум, а јас добро го знам ова: ако веќе нема висок претставник, тогаш нема ниту стабилност, рече Шмит.

Тој додаде дека од оваа функција ќе замине само кога ќе се обезбеди патот кон евроинтеграциите.

– Многумина, сепак, не прават ништо за тоа. Наместо да ме опсипуваат со навреди, подобро е да работат, да носат закони и да најдат решенија. Немам што повеќе да кажам за тие господа, рече Шмит.

Милановиќ го прозва Шмит дека не ги искористил своите овластувања за да наметне изборен закон што ќе ги обезбеди правата на Хрватите во БиХ, рече дека Шмит бил незаконски избран на функцијата висок претставник и намерно го нарекувал со погрешни имиња. (МИА)

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.