Британските конзервативци ја почнаа трката за наследник на Тереза Меј
Во Велика Британија почна првата фаза од трката за наследник на лидерката на Конзервативната партија, Тереза Меј, која во петокот се повлече од функцијата.
Како најсериозен кандидат за функцијата локалните медиуми го наведуваат поранешниот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, а досега свои кандидатури поднеле и министерот за животна средина, Мајкл Гоув и актуелниот шеф на дипломатијата, Џереми Хант.
Инаку, Тереза Меј ќе остане на премиерската функција сѐ до изборот за нејзин наследник.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: