ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кинескиот активист за човекови права Аи Веивеј го посети Асанж во затворот „Белмарш“

Кинескиот активист за човекови права и уметник Аи Веивеј го посети основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во затворот „HMP Белмарш“ во Лондон, пренесува „Спутник“.

Аи Веивеи беше придружуван од таткото на Асанж, Ричард Асанж.

Асанж во моментов отслужува 50 седмици во лондонскиот затвор поради кршење на условите за кауција во 2012 година, кога се засолни во Амбасадата на Еквадор во Лондон за да ја избегне екстрадицијата во Шведска поради обвиненија за сексуален напад.

Лондонскиот суд се очекува да го одржи првото сослушување за можната екстрадиција на Асанж во САД на 14 јуни.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.