Xiaomi влегува на британскиот пазар
„Xiaomi“, четвртиот по големина производител на смартфони, влегува на пазарот во Британија, соопшти „Reuters“. Во текот на настанот, исто така, беше презентиран предводникот „Mi 8 Pro“.
Според Шанг Ванг, постар заменик претседател на компанијата, британскиот пазар има фактор „cool“, кој се препокрива со тоа како „Xiaomi“ сака да изгледа пред потрошувачите. Производите ќе се продаваат преку интернет, како и преку малопродажните синџири и оператори.
Компанијата, која беше основана во 2010-та година, дебитираше во Европа во Шпанија пред една година. Според „Canalys“, „Xiaomi“ е веќе трет по големина снабдувач во земјата.
Претставениот „Mi 8 Pro“ нуди чипсет „Qualcomm Snapdragon 845“, 6/8 GB RAM, 12MP двојна камера со технологија за вештачка интелигенција, 6.21-инчен „AMOLED“ дисплеј со вграден во него читач на отпечатоци и транспарентен стаклен грб. Компанијата во земјата ќе го нуди и основниот предлог „Redmi 6A“, по цена од 99 фунти.