Toyota и понатаму е највреден автомобилски бренд во светот
Toyota ја задржа позицијата на највреден автомобилски бренд во 2019 година, додека Mercedes и BMW се на второто и третото место
Овие три автомобилски производители се единствените автомобилски брендови рангирани помеѓу 100-те највредни брендови во светот, според неодамнешната студија на Kantar Millward Brown.
Вкупно, Toyota е на 41-то место, Mercedes е на 54-то, а BMW на 55-та позиција. Сите три автомобилски брендови имаат пад на листата ТОП 100 највредни брендови во светот во однос на позициите во 2018 година.
Што се однесува до листата на Топ 10 највредни автомобилски брендови во светот, зад Toyotа, Mercedes и BMW се наоѓаат Honda, Ford, Nissan, Tesla, Audi, Volkswagen и Porsche.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: