Tрамп нема да оди на Светскиот економски форум во Давос, се закани со вонредна состојба САД
Американскиот претседател Доналд Трамп го откажа присуството на Светскиот економски форум во Давос. Нема да учествува на овој задолжителниот настан за секоја индустриска држава, поради несогласувањата со демократите околу изградбтата на граничниот ѕид со Мексико.
– „Поради немањето разбирање на демократите по прашањето на граничната безбедност и големото значење што тоа ја има за безбедноста на земјата, го откажувам патувањето во Давос, Швајцарија, на Светскиот економски форум“ – изјави Доналд Трамп – претседател на САД.
Соединетите Американски Држави речиси цели три недели имаат делумна блокадата на администрацијата. Ако блокадата продолжи и во текот на утрешниопт ден, тоа ќе биде најдолгиот шат даун во американската историја. Со тоа ќе биде урнат и рекордот од 1996 година, кога претседател беше Бил Клинтон. При посетата на границата со Мексио, во долината Рио Гранде во Тексас, Трамп уште еднаш се закани дека ќе прогласи национална вонредна состојба, со цел да го изгради граничниот ѕид, кој како што вели ќе ја спречи илегалната миграција и ќе биде во функција на безбедноста на САД.
– „Ако Конгресот не го одобри финансирањето на ѕидот, веројатно, би рекол речиси сигурно, ќе прогласам вонредна состојба. Имам апсолутно право на тоа“ – изјави Доналд Трамп – претседател на САД.
Американскиот претседател од 22 декември не го потпишува Законот за финансирање на владата, додека демократите не му се одобрат 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот. Тој има право Трамп има право да ја започне изградбата во услови на војна или вонредна состојба, најчесто со преземање средства од министерството за одбрана. Во меѓувреме, 800.000 вработени во администрацијата не земаат плата, а парализирани се сојузни институции, музеи и други јавни установи во САД.