ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

TИКА и ТРТ организираа обука за 24новинари од Балканот

Дваесет и четворица новинари од седум балкански земји беа дел од
„Напредната обука за новинарство за нови медиуми“ што беше
организирана во соработка на Турската агенција за соработка и
координација (ТИКА) и турскиот јавен радиодифузен сервис ТРТ.
Новинарите, кои ја завршија обуката за основно ниво за новинарство во
новите медиуми со четири различни обуки во регионот во 2022 година,
овој пат дојдоа во Туркије на практична обука.

24 новинари од Албанија, Косово, Северна Македонија, Босна и
Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија учествуваа во програмата
„Напредна обука за новинарство за нови медиуми“, што се одржа во
студиото на ТРТ во Анкара.
Како дел од обуката, се одржаа предавања и практична работа во
области како што се основите на создавање визуелен јазик на камера,
дигитални медиуми и дизајн, видеопродукција за социјални медиуми и
управување и известување со дигитални медиуми.

По еднонеделната обука, се одржа церемонија за доделување
сертификати.
Раководителот на Одделот за надворешни односи и партнерства на
ТИКА, Угур Танјели, имаше свое обраќање на оваа церемонија.
„Еден од регионите каде што направивме најмногу проекти е Балканот.
Ова е показател за важноста што ја посветуваме кон регионот. Во овој
контекст му придаваме важност на развојот на човечките ресурси и
размената на искуства“, рече Танјели.
Заменик-директорот на Одделот за обука на ТРТ, Убејдула Јенер,
истакна дека медиумскиот сектор е многу брзо дигитализиран.„Се
надевам дека благодарение на оваа обука ќе произведете поефективна
содржина во дигиталниот свет“

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.