Aхмети до Нимиц: Постигнавме историски договор, но имаме се уште работа за целосен успех
Како што кажа и ти самиот, кога се постигнува компромис, ниту еден не излегува танцувајќи, но јас се чуствувам комотен со постигнатите резултати и сум уверен дека овој историски договор ќе ги постави темелите на взаемната доверба и добра волја и добро ќе им служи и на Скопје и на Атина на патот кон заедничката иднина“ пишува Ахмети.
„Ова е навистина вековно постигнување и огромен напредок, но имаме се уште работа пред нас за да го наречеме целосен успех. Тоа ќе го кажеме кога ќе се построиме рамо до рамо со нашите сојузници при големото евроамериканско семејство на НАТО. Јас знам дека ти ќе бидеш со нас и во тој момент, и во тоа достигнување“ пишува Ахмети кој му се заблагодарува на Нимиц за подршката и посветеноста за конечно завршување на овој спор.
Сега се очекува, Грција да го извести Генералниот секретаријат на НАТО дека Договорот од Преспа е ратификуван од грчкиот Парламент, па постојаните претставници на 29 земји-членки на НАТО да го потпишат Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија, а тој треба да биде ратификуван и во парламените на нивните земји.
-Протоколот за пристапување во НАТО треба да го ратификува и грчкиот Парламент, и потоа Грција ќе испрати вербална нота до Македонија со која ќе ја информира за ратификацијата на Договорот од Преспа и на Протоколот за НАТО.
-По приемот на нотата, Македонија ќе испрати вербална нота до Грција и ОН дека Договорот стапува на сила. Потоа, Македонија со писмо ќе ги извести ОН и меѓународните организации дека земјата сега се вика Република Северна Македонија.
-По официјалната промена на името следува отворање амбасади во двете земји. Досегашните канцеларии за врски во Скопје и Атина прераснуваат во амбасади. Паралелно со меѓународната процедура поврзана со промената на името, ќе започне и внатрешна процедура за промена на личните документи, таблите на институциите, на патиштата, на граничните премини.