80 вработувања во Царина, за власта администрацијата се намалува, опозицијата обвинува за партизација
Од цариници и наплатувачи до шеф на служба и началник. Царинската управа распиша оглас за 78 административци на определено, до крајот на годинава. Вработувањата се поради привремено зголемен обем на работа стои во огласот.
На социјалните мрежи граѓаните прашуваат зошто во огласот не е посочен и факултетот за царина. И за овој како и за претходните огласи деновиве, со кои се бараат над 400 административци, реакциите во јавноста се дека огласите се формалност и дека однапред се знае кој ќе влезе.
Опозицијата пак обвинува дека власта прави корупција со вработувања во администрацијата, во очи на претседателските избори.
Наспроти се што од СДСМ зборуваа за администрацијата, наспроти како што ја најавуваа „функционална анализа за превработеноста во администрацијата“, наспроти најавите за префрлање на административци во приватниот сектор, власта спроведува груба, црна партизација, ново црно полнење на администрацијата, од кафекувари до советници, во очи на изборен период, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Министерот задолжен за администрација Дамјан Манчевски, вели нема нови вработувања туку се пополнуваат испразнетите места на оние чиј договор на определено завршил. Тврди дека администраицјата не се зголемува туку почнувајки од 2017 се намалува и таа тенденција продолжува. Тоа што огласите се појавуваат на помалку од еден месец од распишувањето на претседателските избори, според министерот е коинциденција бидејќи сега истекувале договорите.
На крајот од 2018 завршиле 1725 договори на определно и сега зголемениот број нао гласи се должат на обновување на договорите. Бројката на огласи во споредба со 1725 што завршиле се многу помали. Ако се направи споредба на крајот на секоја година истекуваат договорите на определено, вели Манчевски.
Експертите велат јавниот сектор е лошо структуриран од внатре и посочуваат дека треба да се види дали има потреба од конкретните вработувања.
Функционалната анализа на администрацијата е во тек а резултатите Манчевски ги очекува кон средината на годината. Најави дека конкретни активности за намалување на бројката на администрацијата како мерката што е нејзиното пренасочување во приватниот секотр, предвидени се на крај на 2019. Сите активности мора да бидат брз основа на конкретни анализи за тоа кои профили се вишок а кои недостасуваат, посочува Манчевски.