7 новозаразени и еден починат 70- годишник од Лабуништа последното деноноќие

Седум нови случаи на корона вирусот потврдени во последните 24 часа.
За прв пат по еден месец земјава регистрира едноцифрена бројка на позитивни лица на вирусот. Последен пат, според информациите на Министерството за здравство, тоа се случило на 21 март кога биле регистрирани 9 заболени лица.
Три од новите случаи се од Тетово, а по двајца од Куманово и Кочани. Билансот на заболени од КОВИД-19 се искачи на 1231.
Синоќа во градската болница „8 Септември“ починала пациентка на возраст од 70 години. Таа во болницата била примена на 8-ми месецов во тешка здравствена состојба. Вкупниот број на смртни случаи сега е 55.
Главниот град останува на врвот на листата со најмногу заболени – вкупно 411 лица. Следува Куманово со 340, Прилеп со 117, Тетово со 60 и Велес на петтото место со 59 случаи.
ВКУПЕН БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19
Скопје – 411
Куманово – 340
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –117
Тетово – 60
Струга – 55
Велес – 59
Битола –17
Охрид –15
Кавадарци – 4
Гостивар –13
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2