ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

6-мина бегалци од изолација открила полицијата при проверките

Во текот на последното деноноќие, при полициските контроли е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопшти МВР.

Во изминатиот ден на листата за контрола се додадени уште околу 900 граѓани за проверки со определени мерки. МВР соопшти дека на територијата на Република Северна Македонија на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација.

Зголемен е бројот на граѓаните кои се казнети поради непочитување на основната заштитна мерка. Маски не носеле и се сретнале со полициски контроли 975 граѓани за што се пишани исто толку платни казнени налози од по 20 евра.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.