ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

2019: Импичмент за Доналд Трамп?

Сите експерти пред изборите во САД 2016 беа согласни дека Доналд Трамп нема шанси да победи. Само Ален Лихтмен го тврдеше спротивното. За 2019 историчарот очекува импичмент на Трамп.

Дали Доналд Трамп во 2019 ќе се однесува различно од до сега? Веројатно нема. Дали ќе ја промени неговата политика? Ни тоа не може да се очекува. Но, би можел ли Конгресот во кој сега доминираат Демократите, потпирајќи се на истрагата на Роберт Милер, да поведат постапка за импичмент против Трамп? “Ми изгледа поверојатно тоа да се случи отколку да не биде така”, прогнозира Ален Лихтмен, политиколог на универзитетот Американ од Вашингтон.

Историчарот кој во изминатите 30 години точно го прогнозираше исходот на сите претседателски избори, стана медиумска ѕвезда откако наспроти сите предвидувања многу рано ја претскажа победата на Трамп на изборите во 2016.

Лихтмен е убеден дека претседателот од 2019 и до крајот на неговиот мандат ќе мора да се бори да го задржи своето место. А, тоа е битка која изгледа ќе ја изгуби. До сега Трамп можеше да се потпре на Конгресот контролиран од Републиканците, кој го штитеше од импичмент. Но, од ноември годинава мнозинството во Конгресот го имаат Демократите.

За покренување на постапката за импичмент доволно е да имаат за само еден глас поголемо мнозинство, а Демократите имаат преку 30. Долго време темата импичмент беше само теорија, но сега веќе може да стане реалност.

Се поголеми изгледи за импичмент

На трети јануари 2019 Конгресот за прв пат ќе заседава под водство на Демократите. Долго време водечки претставници на Демократите ги минимизираа барањата за импичмент на т.н.Анти-Трамп движење, како и барањата за построг став кон Трамп. Притисокот конечно да се преземе нешто сега расте. „Ако Милер диспорача неколку цврсти докази против Трамп, демократската база ќе бара обвинување”, предвидува Лихтмен. „Мислам дека претседателското место на Трамп се ниша благодарение на извештајот на Милер.”

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.