19 години од трагедијата во која загина претседателот Трајковски
Денеска се навршуваат 19 години од авионската несреќа во која загина поранешниот претседател на државата, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.
Ротимље, Струмица, градските гробишта во Бутел се трите локации каде членови на неговото семејство, претставници на владата, политички партии му одадоа почит на загинатиот претседател.
На вечното почивалиште во алејата на великаните пред гробот на Трајковски се поклонија неговата сопруга, Вилма Трајкоска, претседателот Пендаровски, делегации на Владата, Собранието, армијата, претставници на дипломатскиот кор и политички партии.
Во владиното соопштение по повод одбележувањето на годишнината од смртта на Трајковски, се вели дека определбите за соживот, мир и интеграции кои ги имаше покојниот претседател и денес се пример за храбро и мудро лидерство.
„Владата на Република Северна Македонија е определена кон прогресивни политики што ги водат граѓаните и државата напред, каква што беше и визијата на загинатиот претседател Борис Трајковски. Определбите за заеднишко општество, во кое што граѓаните живеат и работат заедно, независно од нивните етнички, религиски или други опредлеби, во мир и во меѓународно почитувана држава, интегрирана во демократските семејства на држави и народи, НАТО и Европската унија, се пример за храбро и мудро лидерство засновано на вредности“
И родната Струмица оддаде почит на 19годишнината од смртта на Трајковски. Пред споменикот „Македонија“ цвеќе положија градоначалникот, министерката за труд, роднини.
На местото на несреќата во Ротимље, пред спомен обележјето се поклонија министерот за внатрешни, амбасадорот во Босна и Херцеговина, претставници на градот Мостар и министерот за безбедност на Босна и Херцеговина..
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на фејсбук за Трајковски напиша:
„Човек со визија и замисла за тоа каква Македонија треба да имаме. 19 години подоцна, истите предизвици и нашата борба за иднината. Ќе успееме затоа што веруваме во Македонија“
На денешен ден во 2004та се урна авионот со кој Трајковски и неговите соработници патуваа на конференција во Мостар.. Тој беше втор претседател на државата кој функцијата ја превзема во 99тата. Трајковски беше потписник на Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на воениот конфликт од 2001та