ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Хашим Тачи на комеморација во Речак

Претседателот на Косово, Хашим Тачи кој присуствуваше на комеморацијата во Меморијалниот комплекс кај Речак, рече дека Србија извршила 400 масакри врз цивили. Тачи исто така спомна дека иднината не се гради негирајќи ги злосторствата, етикетирајќи или навредувајќи ги убиените, туку дека иднината се гради само тогаш кога раководството на Србија ќе се извини за злосторствата извршени во Косово. Ваквата реакција на Тачи следува по ставот на српскиот претседател Александар Вучиќ кој масакрот кај Речак го нарече фабрикувано злосторство. Тој го обвини поранешниот шеф на мисијата за верификација на ОБСЕ, Волкер за фалсификатот. Инаку, масакрот кај Речак се случи на 15 јануари 1999 година, кога биле масакрирани и убиени 45 невооружени Албанци од страна на формации на специјалната полиција, војската и парамилитарните единици на Србија.

„Србија во Косово извршила околу 400 масакри против цивилите Албанци. Убила околу 1.300 деца, а силувале околу 20 илјада жени. Истовремено, имаме околу13 илјада убиени цивили Албанци. Уште еднаш спомнувам, Речак го бележи врвот на масакрите и злосторството против човештвото вршено од страна на Србија во Косово. Србија вршеше геноцид во Косово, за жал се уште тие кои го направиле ова злосторство и геноцид против човештвото не се гонети и се уште не се изнесени пред правдата. Молчењето на меѓународните фактори и нивното недоаѓање тука во Речак, што повторувам е врвот на масакрите од српската држава, ја отворија устава и го амнестираа и актуелното раководство на Србија за гордо да претендира да го негира злосторството против човештвото и геноцидот во Косово“, рече Тачи.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.