ССМ најавува блокади од следната недела – пратениците први на удар, ќе мора да одат пеш на работа
„Веројатно пратениците ќе бидат првите што ќе ги блокираме, затоа што тие нè блокираа цела година, го чуваа законот во фиока и не сакаа да ги зголемат платите на работниците. Тоа значи дека пратениците ќе мора да дојдат пеш или со јавен превоз, како што одат работниците на работа. Тој ден нема да можат да наплатат патни трошоци, а ќе побарам од претседателот на Собранието да нè информира кој пратеник побарал патни трошоци за тој ден“, рече претседателот на ССМ
Од ССМ го повикаа претставникот на Владата в понеделник да дојде и да го потпишат колективниот договор за работниците да земат поголеми плати уште од идниот месецСојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги повикаа од Владата в понеделник да дојдат во зградата на ССМ и да го потпишат колективниот договор со кој ќе се зголемат платите на вработените за 40 отсто уште од идниот месец. Во спротивно од ССМ најавуваат дека ќе почнат со блокади, а останува и одлуката за генерален штрајк доколку не се зголемат платите.
„Го повикуваме претставникот на Владата во понеделник да дојде во ССМ и да го потпише колективниот договор со кој ги зголемува платите на вработените за 40 проценти и наместо во 2028 година да ја зголемиме минималната плата на 600 евра од февруари 2026 година. Го покануваме преку вас медиумите да дојде и да ја зголеми платата. Но, доколку не дојде, што тогаш“,
Ве молиме следете не и стискајте лајк:
