ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Резултатите претседателски избори порака до партиите дека нема место за еуфорија и релаксација

Резултатите од вчерашните претседателски избори освен победа на Стево Пендаровски, носат и порака до партиите дека место за еуфорија и релаксација нема, ниту во владејачката СДСМ, ниту во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Напротив и двете партии треба да се насочат кон внатрепартиски реформи, сметаат аналитичарите ден по изборите.

И Арсовски и Рамадани се согласни дека албанските гласови имале голем удел во победата на Пендаровски, но сметаат дека тие биле очекувани. Клучот за победата го гледаат во неговата конкретна и јасна програма фокусирана на евроатланските интеграции.

Од новиот шеф на државата очекуваат да биде фактор на стабилност, дека ќе ги обедини сите граѓани и ќе воспостави дијалог помеѓу сите политичките партии, но и критики кон политиките кои не се во интерес на граѓаните и државата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.