ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Разрешувањето на Катавеновски ги одлага пресудите за „Тенк“

Судскиот совет на тајна седница го разреши врховниот судија Ристо Катавеновски, брифираат за Алсат извори од Советот. Катавеновски е разрешен и не смее да се доближува до зградата на Врховен бидејќи го укина притвор на бизнисменот Сеад Кочан. Од Судскиот совет потврдуваат дека разрешиле еден судија без да кажат за кого се работи.

„По едно барање е донесена одлука со која еден судија е разрешен поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и е времено оддалечен од вршење на судиската функција“, наведуваат од Советот.

Со разрешувањето на Катавеновски во воздух останаа пресудите за случајот „Тенк“, каде се осудени експремиерот во бегство Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Катавеновски беше задолжен пред врховните судии да го образложи овој предмет, по што требаше да се донесе конечна одлука дали остануваат пресудите од две и четири и пол години затвор за Груевски и Поповски. Исто така, нема да може да се донесе и одлука во одвоената постапка за Гордана Јанкуловска дали ќе оди во затвор за истиот случај.

Избрканиот од суд Катавеновски е дел од петчлениот Врховен совет кој треба да реши дали останува пресудата од четири години за екс министерката за внатрешни работи. Извори од Врховен брифираат дека по разрешувањето на Катавеновски, највисокиот суд ќе треба да назначи нов судија кој ќе го реферира предметот „Тенк“ за Груевски и Поповски.

Врховен сега ќе има шестмина судии кривичари, а од нив двајца се дополниелни. Претходно, Судскиот совет го разреши шефот на Врховниот суд Јово Вангеловски и од претседателската и од судската фунција. Разрешување доби и судијата Рахила Стојкова. Тројцата врховни судии се разрешени за укинатиот притвор на Кочан. Жалбата на Вангеловски за разрешувањето е пред неговите колеги во Врховен. Ако ја потврдат одлуката на Судскиот совет тогаш Вангеловски е и правосилно разрешен, ако му ја прифатат жалбата, последната одлука ќе ја имаат членовите на Судскиот совет.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.