ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Продолжуваат преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

мериканските и израелските преговарачи во Каиро викендов се очекува повторно да се обидат да постигнат договор за прекин на огнот и заложниците во војната во Појасот Газа, кој во недела ќе одбележи половина година.

Новиот обид за примирје доаѓа по реткото признавање на грешката од Израел во војната со Хамас, кој САД и Европската унија го прогласија за терористичка организација. Израелската армија објави дека отпушта двајца офицери поради убиството на седумте хуманитарни работници, главно од Западот.

Признанието на Израел, сепак, не ги замолкна повиците за независна истрага.Убиството на 1 април на работник во Светската централна кујна со седиште во САД доведе до тензичен телефонски разговор меѓу американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Бајден повика на „итен прекин на огнот“ и за првпат навести дека американската поддршка за Израел ќе биде условена со намалување на убиствата на цивили и подобрување на хуманитарните услови.

Најкрвавата војна во Појасот Газа започна на 7 октомври со нападот на Хамас врз јужниот дел на Израел во кој, според израелските податоци, биле убиени околу 1.200 луѓе, а биле земени 250 заложници, од кои околу 130 останале во Газа, меѓу кои 34 за кои војствата тврди дека се мртви.

Во последователната израелска офанзива, со прокламирана цел да го уништи Хамас, загинаа 33.137 луѓе, соопшти во саботата Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас.

Стравувањата дека војната би можела да се прошири се интензивираа откако Иран вети дека ќе се одмазди за убиството на седумтемина припадници на Револуционерна гарда во воздушниот напад врз конзуларниот оддел на неговата амбасада во Дамаск во понеделникот.

Во пресрет разговорите за време на викендот, Бајден им пиша на лидерите на Египет и Катар барајќи од нив да обезбедат обврска од Хамас да го „прифатат и почитуваат договорот“, изјави висок претставник на американската администрација за АФП.

Преговорите за прекин на огнот, кои се водеа и прекинаа неколку пати, не донесоа напредок откако еднонеделното примирје во ноември доведе до размена на некои заложници за палестински затвореници во Израел.

Белата куќа потврди дека разговорите ќе се одржат викендов во Каиро, но одбија да ги коментираат извештаите на американските медиуми дека на состанокот ќе присуствуваат директорот на ЦИА Бил Барнс заедно со шефот на Мосад, Дејвид Барни, катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и шефот на египетската разузнавачка служба Абас Камел.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.