ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Последна шанса да се утврди потеклото на ковид-19

Светската здравствена организација објави дека новоформираниот тим е веројатно последната шанса да се открие потеклото на Ковид-19, објави Би-Би-Си.СЗО номинираше 26 експерти во новото тело наречено Саго – научна советодавна група за потеклото на вирусот. Повеќе од година и половина откако е откриен вирусот во кинескиот град Вухан, прашањето за неговото потекло останува нејасно. Тимот ќе испита дали вирусот „скокнал“ од животни на луѓе на пазарите во Вухан или „протекол“ од лабораториска несреќа. Кина категорично ја негираше втората теорија.

Во февруари, тим на СЗО, задолжен за истражување на потеклото на коронавирусот, ја посети Кина и заклучи дека вирусот можеби потекнува од лилјаци, но потребна е повеќе работа. 

Меѓутоа, генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, подоцна рече дека истрагата е попречена од недостаток на податоци и транспарентност од страна на Кина.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.