ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Не можев против пријателите“, вели полицаец кој одби да тепа протестанти во Никшиќ

Полицаец од Центарот за безбедност во Никшиќ (Црна Гора), Милоје Шчепановиќ после 30 години стаж синоќа поднел отказ после протестот во Никшиќ кој се одржа поради усвојување на Законот за слобода на вероисповед.

Шчепановиќ во изјава за „Вијести“ рекол дека како верник, сосед и пријател на оние кои биле на другата стана на протестот не можел да гледа како се применува сила против насобраните граѓани.

– Ја напуштив работата која ја извршувам 30 години. Таа ми е единствен извор на приход и од тоа живеам. Без распореден на задача на регулирање на сообраќајот на кружниот тек кај плоштадот Сава Ковачевиќ. Тука дојде до употреба на сила од моите колеги. Поради свои лични убедувања, поради младината која направи тоа што направи, тоа се луѓе кој се мој соседи, пријатели, кумови, а поради колегите кои ја извршуваат работата, не можев да ги оставам, а не можен ниту да интервенирам против своите соседи и пријатели, па заради тоа си заминав од Центарот за безбедност, се заблагодарив, се раздолжив и дадов отказ од Министерството за внатрешни работи – изјавил Шчепановиќ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.