ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски: Ќе го повикам народот да не отвора врата, здравјето нема реприза

Пет дена пред стартот на пописот, опозицијата стои цврсто на ставот дека попис сега не треба да има, Власта по ни една цена не се откажува од намерата. Бројот на активни случаи поради корона вирусот се зголемува, а само во изминатото деноноќие починаа 33 лица. Сепак, надлежните уверуваат дека пописот нема да предизвика дополнителен број на заразени. Премиерот Заев најави дека попишувачите ќе се вакцинираат, но се отвора сомнеж дека ќе има доволно време за тој процес, кога и така нема да можат да ја примат втората доза. Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски алармира дека податоците од пописот нема да бидат точни, оти многу граѓани ќе се плашат да им отворат врата на попишувачите.

За да дојде некој кај мене дома и јас да му отворам врата за да се попишам, мора тој да биде имунолошки подготвен. Ако пописот почнува на 1-ви април, тогаш тој нема да биде имунолошки подготвен. И јас вратата нема да ја отворам и не само јас, туку и стотици наши граѓани. Тогаш ние нема да добиеме правилни податоци од овој попис. Тогаш зошто трошиме пари. Зошто правиме попис ако податоците што ќе ги добиеме не се податоци кои што нас ни се потребни за да понатаму го планираме развојот на Македонија. Го слушам Симовски збори за некакви протоколи. Нека отиде три дена на инфективна да види како луѓето се борат за воздух, па нека објаснува за безбедни протоколи – вели Мицкоски.

Пописот на дијаспората е во тек и понатаму бројот на попишани во Швајцарија е најголем, а во Канада и Австралија најмал. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека тоа не е проблем, оти граѓаните од дијаспората можат да бидат попишани и преку нивните роднини во земјава.

МНР ги активираше сите механизми за да стигне правата информација до граѓаните во дијаспората. Отворивме телефонски, имавме и средби и затоа сметам дека има доволен временски период за да се попишат што повеќе граѓани во странство. Друг механизам е да се попишат и преку нивните роднини и пријатели што се овде, но нормално како дел од дијаспората“ – вели Османи.

Поради пандемијата, повеќе европски држави го одложија пописот меѓу кои соседните Србија и Бугарија, Романија, Германија, Шкотска, Ирска… Последно и Владата на Хрватска соопшти дека ја одложува статистичката операција за на есен.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.