ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Инфлација ќе се намалува во 2024 и 2025 година, прогнозира „Фич“

Просечната стапка на инфлација ќе се намалува во 2024 и 2025 година, прогнозира агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ во својот последен извештај за земјава, за што информираа и од Народната банка и од Министерството за финансии.

Согласно извештајот, инфлацијата во февруари изнесувала три проценти, а „Фич“ предвидува дека очекувањата се во текот на 2024 таа да изнесува во просек 3,7 отсто, а во 2025 да се спушти на 2,8 проценти.

Според агенцијата, нагорен ризик за инфлацијата може да биде брзиот раст на платите. Сепак, се посочува дека зголемените профитни маржи во последниве години можат да неутрализираат дел од повисоките трошоци и да придонесат за намалување на ризикот од повисока инфлација.Според „Фич“, за досегашното намалување на инфлацијата, пак, придонеле соодветната монетарна политика, стабилизирањето на цените на храната на светските берзи, како и временото замрзнување на цените на храната кај нас.

За потсетување, македонската економија беше погодена од висока инфлација во пост ковид периодот и економската и енергетска криза. Инфлацијата во земјава која кон крајот на 2022 година достигна скоро 20 проценти. Во 2023 година, пресечената инфлација, од јануари до ноември, изнесуваше над 9 отсто, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Инаку, „Фич“ во последниот извештај го потврдува и кредитниот рејтинг на земјава од „ББ+“ со стабилен изглед.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.