ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Илјадници луѓе на улиците на Сараево: „Доста беше молчење“ (ФОТО+ВИДЕО)

Повеќе илајди луѓе се собраа денес во центарот на Сараево од каде тргнаа во протестна прошетка до зградата на парламентот на БиХ, незадоволни од состојбата во државата.

Како што пренесуваат медиумите, граѓаните протестираат незадоволни од работата на актуелната власт, одложувањето на локалните избори и корупцијата.

Протестната прошетка ја организираше Платформата за прогрес, а ѝ се придружија партиите Народ и правда, СДП, Наша странка и Независна босанскохерцеговска листа

Тие ги повика граѓаните на Мостар, Тузла, Бања Лука и сите останати градови во БиХ да се приклучат на протестите во своите средини. Еден од коорганизаторите на протестите изјави дека состојбата во земјата е толку лоша што на граѓаните им останува само да ја бараат правдата на улиците за нешто да се смени.

„Вака сме присилени да бараме промени на изборниот закон за да се спроведат избори на кои нема да се краде и потоа да почнеме да ја менуваме состојбата во земјата“, кажа претседателот на Независната босанскохерцеговска листа Сенад Шепиќ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.