ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев: 2021 година ќе биде година на економско заздравување од Ковид-19

Ќе има дебата околу легализацијата на канабисот, со што ќе почне агресивна борба против тешките дроги, најави премиерот Зоран Заев на денешното претставување на петтиот пакет мерки за спас на економијата.  

– Во борба против тешките дроги, ќе имаме претстојна дебата околу легализацијата за канабисот. После празниците, ќе разговараме со сите фели околу формирањето на новиот пакет мерки. Оваа година е година на рестарт, кризите се можност, се зависи од нас, колку ќе ја искористиме оваа можност. Владата работи на услови, самиот период на кризата, би сакале да го искористиме како можност да добиеме квантен скок на економијата. Преку инвестиции во гасната инфраструктура ќе имаме гас и од Азербеџан, Катар, Америка, покрај рускиот гас. Се градат и ветерници, која ќе биде 100% домашна инвестиција – рече Заев.

Тој смета дека колку повеќе вложуваме во луѓето, толку повисоко ќе котира економијата, а 2021 година, според него, е година на рестарт.

За 2021 година, премиерот најави економско заздравување од Ковид-19, забрзан инклузивен економски раст и развој на човечките ресурси.

– Ќе инвестираме во патната и железничка инфрастутура, гасовод, училишта и болници… најави Заев, а рече дека годинава со Буџетот се предвидени за 20 отсто повисоки се средства за капитални проекти, во однос на планот за 2020 година или повеќе од 23 милијарди денари.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.