ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев: Расте просечната плата во континуитет

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил истакна дека просечната плата расте во континуитет.

„Расте просечната плата во континуитет. Во јуни 2021 година, изнесувала 28.744 денари и таа е поголема во однос на јуни 2020 година за 7%.

Според Државниот завод за статистика ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 %); Уметност, забава и рекреација (20,5 %) и Информации и комуникации (14,1 %).

Земено во апсолутни бројки, растот на просечната нето плата во минативе четири години (2017-2021) е за цели 5.936 денари, додека во претходните четири години (2013-2017) просечната нето плата имала раст од 1.700 денари.

Континуираниот раст на платите, меѓу другото, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.

Владата останува посветена на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и на покачување на платите за 20 % до 30 % сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.“ – напиша Заев на Фејсбук.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.