ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев очекува до крајот на март вакцините сепак да пристигнат

Вакцините за здравствените работници брзо се трошат, се чекаат нови пратки за да започне имунизацијата на македонското население

Ограничените дози на вакцини наменети за здравствените работници во С.Македонја забрзано со трошат, а сигурни најави кога ќе пристигнат нови се уште нема. Премиерот Зоран Заев очекува до крајот на месецов да пристигне пратка од Ковакс механизмот, но нема прецизна бројка за колкава количина на вакцини станува збор. Следната недела се очекува да пристигнат и вторите дози од руската вакцина „Спутник V“, со која се вакцинираат здравствените работници. На 30 март во С. Македонија треба да допатува и кинескиот министер за одбрана. Очекувањата се дека со себе ќе донесе надеж и најава кога би можеле да пристигнат и кинеските вакцини, со коишто ќе започне масовната имунизација на населението. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.