ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ДУИ и СДСМ со предизборна остра реторика

ДУИ не отстапува од реториката дека СДСМ и БЕСА направиле непринципиелна предизборна коалиција заради опстанок на политичката сцена. По пораките на Заев дека нема да дозволи никакви уцени за евентуално формирање влада, од ДУИ велат – точно е дека уценувале, но секогаш во интерес на граѓаните.

„Во последно време се зборува за некакво уценување кое ДУИ го прави кон македонските политички партии, па дури сега и двете македонски политички партии повикуваат кај граѓаните на 61 пратеник за ДУИ да не ги уценува во идната влада. Ако уценување е потребата од решавање на името и потребата од отворање на патот кон НАТО, ако уценување е потребата за потпишување на договорот со Бугарија, ако уценување е потребата е донесување на Законот за јазици за да се релаксираат меѓуетничките односи – да, ДУИ уценуваше, но никогаш за себе, никогаш за партијата, секогаш за интересите на граѓаните“-рече Бујар Османи, портпарол на ДУИ .

Од СДСМ без коментар за ваквите заслуги кои Османи си ги припишува на ДУИ. За предизборната коалиција со БЕСА, велат дека ќе донесе добри политики.

„Сосема е легитимно ДУИ да има политички став околу коалицијата меѓу СДСМ и БЕСА, но ве убедувам дека таа не е на непринципиелна основа, туку дека ќе биде изградена на политики коишто ќе донесат подобар живот за граѓаните и подобри услови за работење и бизнис во оваа држава.“-рече Кирил Колемишевски, СДСМ.

Сепак и покрај заострената предизборна реторика, ниту ДУИ, ниту СДСМ не ја исклучуваат можноста ако победат на изборите повторно заедно да формираат владина коалиција.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.