ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВОЈО ИВАНОВ СО ПОДДРШКА ЗА ШИЛЕГОВ ЗА УРБАНО, ХУМАНО И СОВЕСНО СКОПЈЕ!

Војо Иванов е роден скопјанец кој целиот свој живот го има посветено на животните. Со нив се
занимава од најрана возраст, а има работено во некои од најголемите Зоолошки градинки и
центри за животни во Европа и во светот.

„Кога мислам на Скопје, мислам на урбано, хумано и совесно Скопје, во кое секогаш има место
за сонувачи како мене. Скопје во кое луѓето отстрана ќе доаѓаат за да видат што имаме, не да
си заминуваат од него. Скопје во кое Лајка и Зоолошката градина се места со кои ќе се
гордееме. Скопје предводено од човек, пријател на животните – грижлив, солидарен и човечен
градски татко“, вели Иванов.

Кога мислам на Скопје, додава Иванов, мислам на најдоброто за нашиот град, мислам на
Петре Шилегов.

Иванов важи за еден од најдобрите познавачи на животинскиот свет и во изминатите неколку
години работи како Зоонеговател и стручен едукатор во Зоолошката градина во Скопје.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.