ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ: Вакцините на Филипче се доволни само за Злетово

По објавувањето на веста од страна на министерот за здравство Венко Филипче дека Северна Македонија ќе добие 800 илјади вакцини од „Фајзер“, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа е мала бројка на вакцини и дека е доволна да се вакцинира само населено место колку Злетово, кое брои помалку од три илјади жители.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека Филипче продолжува со полуинформации, дека во директни преговори се обезбедени 800 000 дози за цела 2021 година, но од партијата велат дека нема детали за тоа кога и колку вакцини ќе стигнат.

Прво, информацијата следи со недозволиво доцнење, второ, станува збор за многу мала доза на вакцини. Ова е доволно да се вакцинира отприлика само колку за Злетово, кое брои помалку од три илјади жители. Филипче продолжува со некакви полуинформации дека во директни преговори се обезбедени 800 000 дози за цела 2021 година“.

се вели во партиското соопштение.

Од партијата ги повикуваат премиерот Заев и министерот Филипче наместо да лудуваат со мотори, за што, како што велат, единствено се способни и ги повикуваат да излезат пред граѓаните и да дадат детали за вакцините.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.