ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Владата: Палењето знамиња и макети на Заев и Шекеринска не се одлика на патриотизам

Владата го осуди палењето на макети на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска како и палењето на знамињата на Бугарија и Грција пред конзулатот на Северна Македонија во Мелбурн. Од таму велат дека ваквите настани го нарушуваат имиџот на земјата и дека палењето знамиња на држави и макети од премиерот и министерката не се никаква одлика на патриотизам ниту, пак, се слика за нашата дијаспора.

„Владата на Република Северна Македонија најостро го осудува вандалското и недолично однесување на мала група пред конзулатот на Република Северна Македонија во Мелбурн. Ваквите дејствија го нарушуваат имиџот на земјата, на македонскиот народ и на граѓаните на Северна Македонија во очите на демократската јавност“, се вели во реакцијата.

Од Владата наведуваат дека говорот на омраза е одлика на едно минато и напуштено време на кое мнозинството од граѓаните во земјава и дијаспората се спротиставиле и кое е неприфатливо за домашните и глобалните демократски стандарди.

„Говорот на омраза поттикнува насилство, а сите кои потпалуваат нетрпение и конфликти треба да одговараат пред надлежните институции“, се наведува во реакцијата.

Палењето знамиња на држави и макети од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, велат од Владата, не се никаква одлика на патриотизам ниту, пак, се слика за нашата дијаспора.

„Овие срамни изолирани дејствија нема да наштетат на гордоста да се биде Македонец или граѓанин на нашата земја, дома или надвор од границите на Република Северна Македонија“, реагираат од Владата по вчерашниот настан.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.