ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Брнабиќ „штитејќи ги интересите на Србија“ стави резерва на декларацијата на ЕУ

Премиерката Ана Брнабиќ стави резерва на декларацијата на ЕУ Самитот „ЕУ-Западен Балкан“, со која се заштитуваат интересите на Република Србија, а во резервата јасно е ставено до знаење дека Косово останува составен дел од Република Србија согласно Резолуцијата 1244 на ООН, соопшти Владата на Србија.Во соопштенеито се наведени јасните црвени линии на Србија, а тоа се „непризнавањето на Косово и Метохија и неприфаќањето на Косово и Метохија како членка на Обединетите нации, како и членка на системот на организации и агенции на Обединетите нации“.

-Република Србија, посветена на процесот на европска интеграција и преговори, генерално, со резерви, се усогласува со Декларацијата „Самит ЕУ-Западен Балкан, Брисел, 13 декември 2023 година“ како политичка изјава и правно необврзувачки документ, се наведува во текстот на резерваата на Србија.

Се нагласува дека договорот за патот кон нормализацијата и неговиот придонес за имплементација, како што е наведено во оваа Декларација, се смета за прифатлив само во контекст кој не се однесува на какво било де факто или де јуре признавање на т.н. „Косово“.

-Република Србија нагласува дека усогласувањето не значи признавање на членството на т.н. „Косово“ во ОН, системот на организации и агенции на ОН, ниту на т.н. територијалниот интегритет на т.н. „Косово““, се истакнува во текстот.

Се посочува дека Декларацијата не претставува правно обврзувачки договор според меѓународното право и дека усогласеноста со оваа Декларација не влијае на фактот дека Косово и Метохија останува составен дел од територијата на Република Србија под меѓународна администрација во согласност со Резолуција 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 г.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.