ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ангелов: Хеликоптерот прво дејствуваше во Нагоричане, но и тој не предвиден да лета на високи температури

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов објасни за ситуацијата со пожарот во Кочани. Тој кажа дека побарал хеликоптер за Кочани, меѓутоа кажа дека истиот бил веќе во Нагоричане, а потоа не можел да стигне до Кочани.

„Најверојатно причината е спој на жици од бандери. И не станува збор за стар пожар како што се појавија шпекулации, туку за сосема нов. Сувата вегетација придонела пожарот да се рашири во неколку различни правци. Кога ситуацијата стана сериозна, од страна на градоначалникот, од мене беше побаран хеликоптер. Но, тој дејствуваше во Нагоричане, и беше ризик. Поради тоа хеликоптерот дејсствуваше на тој терен кој е тешко пристапен, додека пожарот во Кочани кој се движеше полека кон првите куќи и кон едно соседно село, можеше да се контролира од земја.

Како држава имаме ограничени ресурси и од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и кој да дојде на власт нашите ресурси ќе бидат ограничени. Ние тоа треба да го сфатиме, но нашите капацитети тие се со децении и години наназад. Хеликоптерот не можевме од Нагоричане да го упатиме кон Кочани поради тоа што немаше доволно гориво. За да дојде во Кочани требаше да се врати назад, и да наточи, но во тој случај немаше да стигне“, рече Ангелов.

Тој кажа дека хеликоптерите не можеле да летаат и на пеколни температури.

„На температури над 37 степени не е безбедно да се летаат хеликоптери. Дали треба да ги загрозуваме? Не може да летаат на овие пеколни температури. Зарем треба да падне хеликоптер за некој да сфати дека не може да летаат и тие  се ограничен ресурс?“, рече Ангелов.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.