ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Агенциите на ОН се подготвуваат за упад на Израел во Рафа, предупредуваат на масакр

Израелскиот упад во Рафа би ги загрозил животите на стотици илјади жители на Газа и би бил огромен удар за хуманитарните операции на целата енклава, соопшти денес канцеларијата за хуманитарни прашања на Обединетите нации (ОН), додека Светската здравствена организација (СЗО) објави вонредни планови во случај на упад.

Израел постојано предупредува за операција против Хамас во јужниот град Рафа во Газа, каде што има околу милион раселени луѓе откако избегаа од неколкумесечните израелски бомбардирања предизвикани од прекуграничниот напад на борците на Хамас на 7 октомври.

„Тоа би можело да биде масакр на цивили и неверојатен удар за хуманитарната операција во целиот појас“, велат ОН.

Израел соопшти дека ќе работи на обезбедување безбедна евакуација на цивилите од Рафа. Операциите за помош во Рафа вклучуваат медицински клиники, магацини полни со хуманитарни материјали, пунктови за дистрибуција на храна и 50 центри за акутно неисхранети деца, вели канцеларијата за хуманитарни прашања на ОН.

Канцеларијата рече дека ќе направи се` што е можно за да обезбеди продолжување на операциите за помош, дури и во случај на упад, и оти проучува како да го направи тоа.

Претставник на СЗО, на истиот брифинг , рече дека е подготвен план за вонредни ситуации за Рафа, кој вклучува нова теренска болница, но рече дека тоа нема да биде доволно за да се спречи значителен пораст на бројот на загинати.

Веќе повеќе од 34.000 Палестинци се убиени во речиси седуммесечниот конфликт, според Министерството за здравство на Газа.

Други подготовки вклучуваат претходно позиционирање на медицински материјали во болниците на север во случај трите болници на Рафа да станат нефункционални, како што се случи повеќепати во седуммесечниот конфликт поради израелските рации и бомбардирања.

Податоците на СЗО покажуваат дека само една третина од 36 болници пред војната во појасот се делумно оперативни.

Израел го обвинува Хамас дека ги користи болниците за воени цели и вели дека неговите операции против нив се оправдани оти имаат борци во нив.

Хамас и медицинскиот персонал ги негираат обвинувањата.

СЗО додава дека „крајно загрижена“ оти каков било упад ќе го затвори преминот Рафа меѓу Газа и Египет, кој во моментов се користи за увоз на медицински материјали.

„Ние притискаме и лобираме, што и да се случи, тој да остане отворен“, додаде тој, велејќи дека СЗО го покренала ова прашање до израелските власти.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.