ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Џонсон оди во изолација, бил во контакт со заразен министер

Британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак биле во контакт со лице заразено со коронавирус и ќе работат исклучиво од своите канцеларии, а останатото време ќе бидат во изолација и ќе се тестираат секој ден.

Министерот за здравство Саџид Џавид вчера изјави дека се тестирал и е позитивен на коронавирус.

„Британскиот Национален здравствен сервис (НХС) ги контактираше премиерот и министерот и тие се водат како контакти на заразено лице“, соопшти канцеларијата на Џонсон.

Општо правило е дека секое лице кое било во контакт со заразено лице дека мора да биде во самоизолација десет дена. Џонсон и Сунак, сепак, ќе учествуваат во пилот-програмата што им овозможува да продолжат да работат од канцеларија и да се изолираат само кога не се на работа.

„За да можат да работат од Даунинг стрит, тие ќе бидат тестирани секој ден. Во тој период, ќе водат само клучни владини работи“, велат од канцеларијата.

Велика Британија се соочува со зголемување на бројот на заразени во последните неколку недели, а вчера имало 54.000 нови инфекции. Во таа земја досега починале 128.600 лица од коронавирус. И покрај овие бројки, Џонсон најави укинување на скоро сите мерки, вклучително и носење маски и физичко растојание, ставајќи акцент индивидуалната одговорност на секој поединец.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.