ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Џонсон в петок ќе го поднесе Договорот за Брегзит пред Парламентот

Британскиот премиер Борис Џонсон в петок ќе го поднесе својот Договор за Брегзит, постигнат со ЕУ, пред Долниот дом на британскиот парламент.

Со тоа ќе почне процесот на усвојување на документот за Велика Британија да излезе од ЕУ на крајот на јануари, како што беше планирано, изјави денеска владиниот портпарол.

Конзервативците на Џонсон овоија убедливо мнозинство на парламентарните избори во четвртокот, што е најголема победа за партијата од 1980 година, кога беа предводени од Маргарет Тачер.

Договорот за Брегзит треба да биде одобрен пред Божиќ, за Европскиот парламент да може да го ратификува. Со тоа би се исполнил и последниот услов за излез на Велика Британија од ЕУ после 47 години членство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.